Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Дали ќе има ВАР на Светското првенство во Русија?

Дали ќе има ВАР на Светското првенство во Русија?

Во март ќе биде јасно дали системот за видеоповторување (ВАР) ќе биде употребуван на Светското првенство во Русија, изјави претседателот на судиската комисија при ФИФА, Пјер Луиџи Колина.

„На сите ни е јасно дека живееме во светот на технологијата. Експериментот ВАР во фудбалот започна во 2016 година. Минималното време за кое треба да се даде оценка на системот е две години, односно веќе истекува. Затоа во март ќе се донесе конечна одлука дали овој систем ќе се користи и на светските првенства“, изјави Колина.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во моментов ВАР официјално се користи во две големи првенства во Европа – италијанската Серија А и Бундес лигата. Готово сигурно од следната сезона системот ќе го користат и првенствата во Шпанија и Франција.

На Светското првенство во Бразил во 2014 година беше за прв пат воведен GLT –системот, кој определува дали топката ја минала гол линијата или не.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Спектакл без победник  во Минхен🎥

Баерн Минхен и Реал Мадрид одиграа фантастичен натпревар на „Алијац Арена“, кој на крајот …