Дома Останати Ракомет Видео: Реми за прво место во групата со Европскиот шампион, Македонија со три бода патува во Вараждин!

Видео: Реми за прво место во групата со Европскиот шампион, Македонија со три бода патува во Вараждин!

macedonia

Македонија денес со почеток 18:15 го започна натпреварот против Германија на Европското првенство во Хрватска.

Момците на Раул Гонзалес одлично го започнаа натпреварoт со навистина атрактивни погодоци, а посебно убав беше погодокот на Кире Лазаров кој одигра одличен цепелин во соработка со Гоце Георгиевски.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Sportski.mk – Gol na prvenstvoto

Атракции во „Загреб Арената“, фантастичен цепелин на Гоце и Кире!https://sportski.mk/%D0%B2%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D0%BE-%D0%B0%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BA%D1%86%D0%B8%D0%B8-%D0%B2%D0%BE-%D0%B7%D0%B0%D0%B3%D1%80%D0%B5%D0%B1-%D0%B0%D1%80%D0%B5%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D1%84/

Posted by Sportski.mk on Mittwoch, 17. Januar 2018

Македонија во првиот дел стигна и до предност од три гола разлика 2:5, тоа беше и најголемото во водство во првиот дел. Потоа Германците како да се разбудија, па следеше период од играта во кои тие беа доминанти.

Во финишот од полувремето, Македонија повторно се врати во игра, а најмногу поради одличните одбрани на Борко Ристовски и Никола Митревски. На крајот Германија на полувреме замина со предност од еден гол разлика 12:11.

Како и на стартот на првото полувреме Македонија одлично започна и во второто, со погодоците на Манасков, Лазаров и Талески, Македонија го превзема водството и поведе со 14:15, а во одличен ритам на нашиот гол продолжи и фантастичниот Борко Ристовски.

На стартот од 41 минута, Македонија со голот на капитенот Лазаров Македонија повторно стигна до предност од три гола разлика 16:19. Во следните дестина минути следуваше изедначена игра, повторно германскиот голман забележа неколку интервенции, па во последните десетина минути од натпревар влеговме со нерешен резултат 20:20.

На пет минути пред крајот младиот Мартин Поповски го постигна првиот гол на едно големо натпреварување, гол кој беше од исклучително значење за изедначување 23:23, во следниот напад Ристовски забележа одлична интервенција, но за жал тоа не го искористивме, па Германија стигна до нов напад од кој погоди за 23:24.

Во продолжение под една одбрана на Борко следуваше вистинска тензија и еден неспортски потег од Германците, но судиите не реагираа. На само минута до крајот при нерешен резултат Македонија имаше напад за водство, а нашиот селектор Раул Гонзалес го искористи правото на тајм-аут. За жал на само 10 секунди пред крајот Волф му одбрани зицер на Стојанче Стоилов.

Најефикасен на натпреварот беше Филип Талески со шест погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

„Бомба“: Реал размислува да го врати Каземиро

Реал Мадрид би можел да направи прилично изненадувачки потег на трансфер пазарот и да го в…