Дома Фудбал Останато Ја заврши кариерата пред една година, а еве со што Виктор Валдес се занимава денес!

Ја заврши кариерата пред една година, а еве со што Виктор Валдес се занимава денес!

Легендарниот голман Виктор Валдес кој најголемиот дел од својата кариера го помина во редовите на Барселона денес се занимава со нешто ново.

Валдес започна во младинскиот погон на Барселона во 1992 година, потоа три години помина во Тенерифе, за во 2000 година да се врати во Барселона каде што подоцна ги помина и најдобрите денови од својата кариера.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Шпанскиот голман со тимот од Каталонија освои се што можеше да се освои, за во 2015 година да се пресели во редовите на Манчестер Јунајтед, а кариерата ја заврши во Миделсброу во 2017 година.

Валдес по завршувањето на кариерата се занимава со нешто друго, тој креираше апликација која се нарекува „Hola Dating“.

35 годишниот голман на овој начин сака да им помогне на луѓето да ја пронајдат својот сродна душа.

„Со оваа апликација не ви е потребна храброст да пријдете на некого. Доволно да ја симнете апликацијата“, изјави Валдес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Симулација на Премиер лигата: Еве кој тим се предвидува дека ќе стане нов шампион

Направена е симулација на завршниот пласман на англиската Премиер лига, а навивачите на Ар…