Дома Фудбал Англија Легендата на Челзи убедена: Челзи од 2005 и 2006 би го победил денешниот Манчестер Сити

Легендата на Челзи убедена: Челзи од 2005 и 2006 би го победил денешниот Манчестер Сити

chelsea

Џон Тери, поранешниот фудбалер на Челзи и легенда на овој клуб, смета дека тимот на Челзи од сезоната 2004/2005 е подобар од сегашниот тим на Манчестер Сити кој го предводи Пеп Гвардиола.

Манчестер Сити оваа сезона победи на 17 од 18 натпревари во Премиер лигата, ги соборуваат сите рекорди во ова натпреварување и во овој момент се апсолутни фаворити за освојување на титулата шампион на Англија.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Тери беше во составот кај Мурињо во сезоната 2004/2005 кога беше соборен рекордот по бројот на освоени бодови во една сезона во Премиер лигата, тогач Челзи освои 95 бодови.

„Би кажал дека тимовите на Челзи од сезоните 2004/2005 и 2005/2006 би го победиле денешниот Манчестер. Не се плашам тоа да го кажам, тие имаат поголем посед на топка, но ние бевме посебни“.

„Средните фудбалери често пати би оделе напред, Макелеле би останувал позади што е одлично за нас дефанзивеците. Имавме одлични фудбалери, Дрогба правеше огромна разлика, Лампард исто така беше фантастичен“, истакна Тери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Влаховиќ ќе „слета“ во Англија и ќе се бори за титула во Премиер лигата

Како што пренесуваат англиските медиуми, во јануари повторно ќе бидат почнати преговори од…