
Големото дерби од првото коло на Лигата на нации синоќа на Вембли го одиграа селекциите на Англија и Шпанија, а светските и европски шампиони по “ролеркостерот” славеа со резултат 2:3 во групата А3.
Импресивната низа на Шпанија без пораз стигна до бројот од 39 натпревари, а трофејниот селектор Луис де ла Фуенте вели дека екипата нема намера тука да застане…
„Многу сум задоволен од резултатот, сликата која ја покажавме и тоа што светот ја виде нашата огромна амбиција и желба за победа. Имаше моменти кога се мачевме, но игравме против Англија. На полувреме разговаравме, имавме натпреварот под контрола и три многу добри шанси. Повторно покажавме дека сме екипа која никогаш не се откажува и која нема намера да престане да победува“, изјави Де ла Фуенте по натпреварот и потоа ги пофали своите играчи:
“Ова е нивна заслуга, ние само ги избираме играчите за моделот кој е создаден за такви луѓе. Сеуште имаме многу простор за напредок, а новите играчи многу брзо се вклопуваат. Постојат човечки, семејни врски кои нè тераат да растеме и уште повеќе да се жртвуваме. Со сите тие вредности ние имаме и фантастичен фудбалски талент”, кажа Де ла Фуенте.