Дома Фудбал Продолжуваат кратењата во Манчестер јунајтед – „настрадаа“ 322 вработени!

Продолжуваат кратењата во Манчестер јунајтед – „настрадаа“ 322 вработени!

Манчестер Јунајтед продолжува со големата операција за намалување на трошоците, а најновите финансиски податоци покажуваат колку сериозно е намален бројот на вработени во клубот.

Според финансиските извештаи за сезоната 2025/26, бројот на вработени во Јунајтед за две години паднал од 1.127 на 805, односно биле укинати 322 работни места. Тоа претставува намалување од 28,6 проценти.

Најголемите кратења се забележани во медиумскиот и комерцијалниот сектор, каде што бројот на вработени бил намален за 45, односно 44 проценти. Во администрацијата и поврзаните оддели биле укинати 161 работно место, додека уште 60 позиции биле изгубени во фудбалскиот сектор, вклучувајќи ги скаутингот и работата во академијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Зошто повредата на Мбапе е лоша работа за Франција, но добра за Реал Мадрид?

Реал Мадрид доби загрижувачки вести за време на репрезентативната пауза откако Килијан Мба…