Дома Фудбал Постапки против Брегалница и Вардар, казна за арачиновци

Постапки против Брегалница и Вардар, казна за арачиновци

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница донесе неколку одлуки поврзани со случувањата на натпреварите од Првата фудбалска лига.

Против Вардар е покрената дисциплинска постапка поради пропусти во организацијата на натпреварот против Шкендија Арачиново 77. Причина за постапката е присуството на поголем број лица од дозволениот во ВИП-ложата.

Шестмесечна суспензија заработи комет администраторот на Шкендија Арачиново 77, Исуф Бајрами. Тој е казнет поради неспортско, понижувачко и вулгарно однесување, како и вербален напад врз судиската екипа на натпреварот со Вардар.

Дисциплинска постапка е поведена и против Брегалница од Штип. Причината е употребата на пиротехнички средства за време на натпреварот против Скопје.

Кога станува збор за играчите, фудбалерот на Арсими, Муслими Мухарем, е суспендиран на еден натпревар поради црвениот картон добиен минатиот викенд.

Највисока казна меѓу фудбалерите доби Дамјан Масевски од Охрид, кој ќе паузира на четири натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рафиња сакал да замине од Барселона: Ги спакував куферите, но еден човек ме убеди да останам!

Рафиња е еден од најважните фудбалери на Барселона, но ситуацијата денес можеше да биде по…