Дома Фудбал Мбапе сака да побегне од славата: „Кажете ми место каде никој нема да ме препознае!“

Мбапе сака да побегне од славата: „Кажете ми место каде никој нема да ме препознае!“

Килијан Мбапе откри дека и покрај обидите да остане незабележан, речиси невозможно му е да пронајде место каде луѓето нема веднаш да го препознаат.

Во интервју за „The Athletic“, француската суперѕвезда со насмевка призна дека би сакал да открие некоја дестинација каде би можел да се движи без да биде запрен од фанови.

„Дали постои место во светот каде нема да ме препознаат? Ако знаете некое такво место, кажете ми го. Би сакал да одам таму“, се пошегува Мбапе.

Фудбалерот на Реал Мадрид откри дека веќе испробал различни начини за да остане анонимен, но досега без успех.

„Се обидувам со разни работи. Но, засега не најдов начин да одам некаде, а никој да не ме препознае“, вели тој.

Според Мбапе, за целосно да го промени својот изглед и однесување би требало да направи многу повеќе од обична маска или капа.

„Ќе треба да сменам многу работи – начинот на кој зборувам, начинот на кој одам, начинот на кој се облекувам. Тоа е долг процес“, заклучи Мбапе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тотенхем останува без уште еден спонзор: соработката завршува предвреме

Тотенхем ќе остане без уште еден од своите спонзори. Според „Telegraph“, јужнокорејскиот п…