Дома Останати Ракомет „Бомба“: Охрид се засили со ракометар кој осум сезони играше за ПСЖ!

„Бомба“: Охрид се засили со ракометар кој осум сезони играше за ПСЖ!

Французинот Aдама Кеита потпиша со ГРК Охрид за 2026/2027 со можност за продолжување за 2027/2028. Игра на позицијата лево крило, има 28 години (186 cm) и ќе ја облече деветката во сино-белиот дрес.

Доаѓа од тимот на Аек (Грција), а пред тоа цели 8 сезони го носеше дресот на големиот ПСЖ (Франција) со кој има премногу освоени титули. Има настапи за сите младински категории за националниот тим на Франција и освоен бронзен медал на светското јуниорско првенство 2017.

“Започнува ново поглавје за мене. Горд сум што му се приклучувам на ГРК Охрид и што ја започнувам оваа нова авантура во Македонија. Му благодарам на клубот за довербата што ми ја укажа.

Доаѓам со голема желба, амбиција и волја да го дадам максимумот на теренот за боите на клубот.

Со нетрпение очекувам да започнам и да се запознаам со нашите навивачи.” – изјави Адама Кеита.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Фленсбург со удар по сирената го шокира Берлин, Кил едвај се извлече

Симон Питлик погоди директно од слободен удар од девет метри по истекот на времето и му до…