Дома Фудбал Вака Винисиус ги провоцираше навивачите на Ноу Камп додека Барса го освојуваше трофејот

Вака Винисиус ги провоцираше навивачите на Ноу Камп додека Барса го освојуваше трофејот

БРАЗИЛСКИОТ фудбалер Винисиус Жуниор повторно стана центар на внимание од страна на навивачите на противничкиот тим, со свирежи кои беа особено силни за време на Ел Класико на Камп Ноу. Бразилецот, кој во отсуство на Карвахал и Валверде вечерва ја носеше капитенската лента на Реал Мадрид, од првата минута беше цел на негодување од публиката на стадионот во Барселона.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Како одговор на свирежите, Винисиус кон публиката со рацете го покажа бројот 15, алудирајќи на бројот на титули во Лига на шампиони кој го има освоено “кралскиот клуб”. Овој потег сигурно ќе биде тема на разговор по натпреварот и претставува уште една во низата провокации кои напаѓачот на Реал ги упатува кон противничките навивачи.

Да потсетиме, каталонскиот тим го совлада Реал Мадрид со 2:0 и со таа победа против најголемиот ривал математички го осигура трофејот. Натпреварот беше обележан и со личната трагедија на тренерот на Барселона Ханси Флик, чиј татко почина непосредно пред натпреварот, но германскиот стратег сепак одлучи да ја води својата екипа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Погледнете ја реакцијата на Енрике кога му го кажаа резултатот од „Ел Класико“ (Видео)

Барселона синоќа ја осигура својата 29-та титула шампион на Шпанија. На домашниот терен на…