Јувентс и Барселона во среда одиграа натпревар без голови во рамките на 5. коло од групната фаза во Лигата на Шампионите.
По натпреварот во Торино, аргентинските фудбалери од двете екипи се сретнаа и разговараа. Оваа средба со Гонзало Игуаин и Паоло Диабала, Меси ја објави на официјалната Фејсбук страница.
Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓
Меѓутоа, нивната заедничка фотографија предизвика бес кај навивачите кои му „замерија“ на Игуаин за неговиот изглед.
„Зарем не му е срам на Игуаин да го соблече дресот?“, пишува во еден од коментарите, додека во другиот на Меси му порачуваат да го советува Игуаин малку „да намали со Мекдоналдс“.