
Фудбалската репрезентација на Демократска Република Конго постигна историски успех со пласирањето на Светското првенство, прв пат по 52 години. Големото славје во земјата беше проследено со смела изјава од министерот за спорт Дидие Будимбу, кој порача дека нивните први противници, предводени од Кристијано Роналдо, ќе заплачат горко.
Фановите на Конго се собраа во недела на плоштадот на Народната палата заедно со министерот Будимбо за да го прослават пласманот на Светското првенство 2026. На оваа пригода, министерот даде изјава за медиумите. „Квалификациите за Светското првенство не беа лесни, жестоко се боревме“, изјави Будимбо, а пренесува Africa Top Sports.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Конгоанскиот министер за спорт нагласи дека нацијата треба да застане обединето позади репрезентацијата и дека не треба да се задоволат со самото учество на турнирот. Потоа додаде самоуверена најава: „Во нашиот прв натпревар на Светското првенство 2026, Кристијано Роналдо ќе плаче.“
ДР Конго е со ждрепка поставен во група 11 на Светското првенство, каде ќе се соочи со Португалија, Узбекистан и Колумбија. Натпреварот против Португалија е закажан прв, на 17 јуни.
🔴 ДРК 🇨🇩: „Тоа е Феликс Чисекеди што го направи ова. Донесуваме нешто историско: истече 52 години. Ниту еден од претходните претседатели не успеа во тоа, само тој го постигна“, изјави министерот за спорт Дидие Будимбу. pic.twitter.com/ns17uIcHjr
— Tosa Obika (@ObikaTosa) 1 април 2026