Бразилецот Нејмар повеќе не може да ги поднесе прашањата за Реал Мадрид.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Нејмар синоќа беше брилијантен против Селтик во Лигата на Шампионите, постигнувајќи два гола за ПСЖ, а новинарите по натпреварот повторно ги интересираа само шпекулациите. Потсетуваме, Бразилецот веќе неколку недели се поврзува со Реал Мадрид бидејќи наводно не е задоволен и среќен во Париз, а француските медиуми синоќа се обидоа да извлечат од него некои информации.
Сепак, кога го слушна прашањето за Реал Мадрид во микс зоната, Нејмар само коментираше „здодевни сте“ и си замина. Потсетуваме, Бразилецот оваа сезона игра одлично во дресот на ПСЖ и на 14 натпревари во сите натпреварувања постигна 13 гола и запиша дури девет асистенции.