Дома Останати Кошарка Силно невреме го урна кровот на култната арена „Дражен Петровиќ“ (Видео)

Силно невреме го урна кровот на култната арена „Дражен Петровиќ“ (Видео)

Силното невреме кое ја зафати Хрватска предизвика многу проблеми во секојдневниот живот на нашите соседи. Учениците денес не беа на училиште, а голем број на бизниси беа принудени да го прекинат работниот процес поради временските непогоди.

Цела Хрватска страдаше од оваа бура, со што значително беа оштетени многу објекти, а еден од нив е и славната сала „Кошаркарски центар Дражен Петровиќ“, чиј покрив е сериозно оштетен.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Куполата пукна, делови од неа паднаа на паркетот и сега прокиснува. Салата е затворена додека не се поправи, а вработените работат од дома“, пишува Index.

„Ситуацијата навистина е лоша – куполата е поместена и распукана наполу. Ветерот ја исфрли од своето место. Ја затворив салата за да избегнеме некое дете да биде повредено на тренингот додека временските услови не се стабилизираат“, изјави авторот на видеото објавено на Zagreb.info.

Кошаркарскиот центар „Дражен Петровиќ“ е голема спортска сала со капацитет од 5,048 места. Таа го носи името на легендарниот хрватски и светски кошаркар, Дражен Петровиќ. Салата ја користи KK Цибона, а исто така служи и за натпревари на KK Динамо Загреб и KK Хермес Аналитика.

Салата официјално е отворена на 30 јуни 1987 година. Изградена е за исклучително кратко време, веднаш пред Универзијадата 1987 година, и првично се викаше Спортски центар Цибона. На денешниот датум 4 октомври 1993 година го доби сегашното име.

Покрај тренинзите и натпреварите, салата се користи и за разни настани, особено концерти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Неверојатниот Дончиќ продолжува да доминира, сè поблиску до наградата за МВП

Во кошаркарската ноќ на НБА, која понуди 12 натпревари, својата кандидатура за престижната…