
Српскиот фудбалски репрезентативец Душан Влаховиќ би можел да ја промени средината на крајот на сезоната, бидејќи му завршува договорот со Јувентус, а договор за продолжување на соработката не е на повидок. Според тоа, многу европски клубови се поврзуваат со него, а сега во приказната се вклучи и Вест Хем.
Поточно, во приказната со „Чеканите“ се обидува да го вклучи нивниот поранешен ас Паоло ди Канио, кој играше за лондонскиот клуб кон крајот на 20. и почетокот на 21. век.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Ди Канио, кој своевремено носеше и дрес на Јувентус, беше гостин на „Бјанконера радиото“, каде што објасни зошто српскиот центарфор би можел да ја продолжи кариерата во Вест Хем.
Влаховиќ заминува. Со платата што ја има, а не бара милиони, кој ќе го земе? Вест Хем без никакви проблеми плаќа шест милиони евра на своите играчи.
Паоло Ди Канио