Дома Фудбал Влаховиќ потпиша богат договор со англиски гигант

Влаховиќ потпиша богат договор со англиски гигант

Српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ потпиша договор во време на гласини и приказни за тоа каде ќе ја продолжи кариерата.

Од летото 2025 година се зборува активно за иднината на Влаховиќ. Договорот со Јувентус истекува на крајот на сезоната, а уште не е познато дали ќе дојде до продолжување на соработката или поранешниот фудбалер на Партизан и Фиорентина ќе ја промени средината.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Додека се уште се шпекулира каде ќе игра центарфорот следната сезона, пристигна вест за неговиот потпис со познатиот производител на спортска опрема „Рибок“.

„Горд сум што се приклучувам на ‘Рибок’ во време кога се враќа на теренот и повторно зазема важно место во фудбалот. ‘Рибок’ има неверојатно наследство во спортот и сум возбуден што заедно ќе работиме за да го подигнеме ‘Рибок Фудбал’ на повисоко ниво за новата генерација на спортисти“, изјави Душан Влаховиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шефот на Ла Лига: Изјавата на Чави за Меси не е вистинита

Претседателот на Ла Лига Хавиер Тебас категорично ги отфрли тврдењата на Чави Ернандес за …