Дома Останати Ракомет Српски репрезентативец е најново засилување на Вардар

Српски репрезентативец е најново засилување на Вардар

Вардар денеска официјално го претстави српскиот интернационалец Вукашин Воркапиќ како ново решение на позицијата десно крило.

Дваесет и осумгодишниот ракометар пристигнува од РК Војводина, а со скопскиот клуб стави потпис на договор со важност до 2028 година.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Во текот на својата кариера Воркапиќ настапуваше и за Металопластика Шабац, како и за францускиот Иври, стекнувајќи значајно искуство на меѓународната сцена.

Како стандарден репрезентативец на Србија, тој беше дел и од последното Европско првенство, каде што придонесе со шест погодоци во дресот на националниот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Пелистер потврди големо засилување – во Битола пристигна пивотмен од Бундеслигата!

Шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер, дополнително се екипира за остатокот на сезона…