Дома Фудбал Инфантино призна: Не требаше да ја исфрлиме Русија

Инфантино призна: Не требаше да ја исфрлиме Русија

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, изјави дека било грешка што рускиот фудбал беше исфрлен од сите натпреварувања под закрила на ФИФА и УЕФА.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Првиот човек на Светската фудбалска федерација зборуваше на оваа тема за англискиот Скај Спортс.

Да потсетиме, сите руски клубови и репрезентации, сите младински состави, беа исфрлени од европските и светските натпреварувања малку по нападот на Русија врз Украина во февруари 2022 година.

Денес, четири години подоцна, Инфантино тврди дека тоа било грешка.

„Мораме да го преиспитаме тоа (исфрлањето на Русите) дефинитивно”, вели Инфантино.

Првиот чекор кон враќање на Русите на меѓународната сцена веќе го направи Меѓународниот олимписки комитет кој препорача младите категории на руската репрезентација, во двете конкуренции, да почнат да се натпреваруваат исто како и сите останати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Откриено како Дембеле беше понижен во соблекувалната на полувремето од натпреварот со Шпанија

Франција не успеа да се пласира во своето трето последователно финале на Светското првенст…