Дома Останати Ракомет Вардар ќе настапи на силен турнир во Хрватска

Вардар ќе настапи на силен турнир во Хрватска

Ракометниот клуб Вардар кон крајот на јануари ќе биде дел од реномираниот меѓународен турнир „Лабин Хендбол Куп 2026“, кој ќе се одржи на 30 и 31 јануари во хрватскиот град Лабин.

Скопскиот состав ќе го отвори турнирот со полуфинален натпревар против словенечкиот тим Слован од Љубљана, закажан за 18 часот. Во вториот полуфинален дуел, кој ќе се одигра истата вечер од 20:15 часот, ќе се соочат хрватските клубови Загреб и Сесвете.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Екипите што ќе излезат како победници од полуфиналните пресметки ќе обезбедат место во големото финале, кое е предвидено за наредниот ден со почеток од 20:15 часот.

Фото: RK Vardar 1961

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Поранешен ракометар на Вардар направи прекршок за во затвор! (Видео)

Познатиот ракометар се правдаше дека не видел, што може да се забележи и од снимката, но с…