Дома Фудбал Навивачите на Челси не можат да поверуваат што се подготвува: Поради газдата повторно ги боли глава!

Навивачите на Челси не можат да поверуваат што се подготвува: Поради газдата повторно ги боли глава!

Челси повторно планира голем излез на пазарот, а името кое се споменува предизвика бројни реакции. Се работи за млад одбранбен играч од Франција, за кој лондонскиот клуб би можел да издвои дури 60 милиони евра.

Челси и оваа зима продолжува со агресивната трансфер политика која веќе години предизвикува поделени реакции кај навивачите на лондонскиот клуб.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Според информациите од Франција, Челси сериозно се интересира за младиот стопер на Рен, Жереми Жаке, и сите знаци укажуваат дека овој трансфер би можел да влезе во историјата на клубот.

Лондонскиот клуб сака брзо да реагира и да го доведе 20-годишниот дефанзивец веќе во зимскиот трансфер прозор, што дополнително го зголемува притисокот врз Рен.

Жаке оваа сезона има 16 настапи во Лига 1 и со својата игра привлече внимание на голем број европски клубови.

Сепак, Челси е моментално во најдобра позиција кога станува збор за надпреварот за неговиот потпис, најмногу поради финансиската моќ и подготвеноста да одат до крај.

Младиот репрезентативец на Франција важи за еден од најталентираните дефанзивци на својата генерација и во Рен го гледаат како важен дел од иднината на клубот.

Токму поради тоа клубот од Бретања нема намера да го пушти лесно, без оглед на интересот што доаѓа од Англија.

Преговорите меѓу Челси и Рен засега се фокусирани исклучиво на цената, бидејќи околу квалитетот на играчот нема никакви дилеми.

Рен бара повеќе од 60 милиони евра за Жаке, кој има договор со клубот до летото 2029 година.

Таквата сума би претставувала еден од најголемите трансфери во историјата на клубот од северна Франција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Навивачите на Ливерпул едногласни: Да се избрка Слот и да се донесе овој тренер!

Арне Слот ги одброи своите денови во Ливерпул, секој навивач на „Црвените“ би се согласил …