Дома Фудбал „Керик е тактички брутален, навивачите ќе застанат зад легендата на Јунајтед“

„Керик е тактички брутален, навивачите ќе застанат зад легендата на Јунајтед“

Еден од фудбалерите на Манчестер Јунајтед е особено оптимистичен со доаѓањето на Мајкл Керик, а ја објасни и причината зошто.

Хари Магваер се врати на теренот во вистински момент, а пред големото градско дерби против Манчестер Сити одлучи јавно да застане зад новиот привремен тренер на Манчестер Јунајтед, Мајкл Керик.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Капитенот на Ѓаволите не го крие своето воодушевување од она што го видел во првите денови од работата на новиот стручен штаб.

Стоперот на Јунајтед истакнува дека, иако се работи за краток период, Керик веќе оставил силен впечаток во соблекувалната.

Според неговите зборови, Керик многу јасно ги пренесува барањата, знае што сака од тимот и не остава простор за конфузија на теренот.

„Навистина сум импресиониран“, призна 32-годишниот стопер и продолжи: „Го познавам Керас од претходно и секогаш сум зборувал многу пофално за него. Беше одличен тренер додека работеше овде под Оле Гунар Солскјер.“

Искуството што Керик го стекнал како главен тренер на Мидлсброу, Магваер го гледа како клучна предност.

Смета дека тој период го изгради дополнително и му даде ширина потребна за управување со голем клуб како Манчестер Јунајтед.

„Има одлични идеи, одлично зборува, а тактички е навистина, навистина силен. Покрај тоа, сега зад себе има сериозно менаџерско искуство од Мидлсброу. Сигурен сум дека ќе дојде и ќе ги имплементира своите идеи“, додаде Магваер.

Магваер смета дека навивачите ќе знаат да го препознаат тоа. Кериковиот статус како легенда на клубот би можел да биде пресуден фактор во моментите кога тимот ќе има потреба од дополнителна енергија од трибините на Олд Трафорд.

„Тој е легенда на клубот и сигурен сум дека навивачите ќе застанат зад него. Тоа е многу важно во ваквите натпревари“, истакна англискиот репрезентативец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Oдбраната пред се: Нема да си верува колку пари потрошил Гвардиола на 25 дефанзивци!

Манчестер Сити го ангажираше дефанзивецот Марк Гуехи од Кристал Палас за сума од 23 милион…