Дома Фудбал Цел свет зборува за пеналот од Мароко – Нигерија: Ваква одбрана никогаш не е видена во фудбалот (Видео)

Цел свет зборува за пеналот од Мароко – Нигерија: Ваква одбрана никогаш не е видена во фудбалот (Видео)

Неверојатна борба гледавме синоќа за финалето на Африканскиот куп нации меѓу Мароко и Нигерија, а на крајот победникот беше определен со пенали. Главната тема на фудбалската јавност е голманот Боно, кој е најзаслужен што Мароко отиде во финалето, а за неговата одбрана утрово зборува целиот свет.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Патникот за финалето беше определен со пенали во кои повеќе среќа и знаење имаа Мароканците кои заслужено дојдоа до победа.

Јунакот на Мароко и по кој знае кој пат беше голманот Боно кој демонстрираше дека е експерт кога станува збор за пенали.

Меѓутоа, за една негова одбрана особено се зборува бидејќи Боно покажа тактика за одбрана на пенали која навистина ретко се гледа во фудбалот.

Тоа се случи во четвртата серија кога Оњемаечи ја намести топката на белата точка, а Боно го збуни бидејќи отиде на лево од него, додека Нигериецот сè уште беше во залет.

На крајот, збунетиот Оњемаечи шутираше токму во таа страна, а Боно успеа со рака да го одбрани неговиот удар и стана хит на социјалните мрежи.

Што точно се случуваше при споменатиот пенал можете да погледнете на ОВОЈ ЛИНК.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Катастрофа за ПСЖ: Еден од најдобрите фудбалери нема да игра во финалето на ЛШ

Францускиот гигант ПСЖ доби лоши вести пред финалето против Арсенал во Лигата на шампиони …