Дома Останати Кошарка Јанис Антетокумпо плачеше на клупата поради своите навивачи, па им жестоко одговори по мечот (Видео)

Јанис Антетокумпо плачеше на клупата поради своите навивачи, па им жестоко одговори по мечот (Видео)

Кошаркарите на Милвоки Бакс го доживеаја едно од најголемите понижувања во последните години, бидејќи на својот терен беа прегазени од Минесота Тимбервулвс со убедливи 139:106. Сепак, резултатот остана во сенка на она што се случуваше на клупата и трибините!

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Првата ѕвезда на тимот, Јанис Антетокумпо, беше снимен како плаче на клупата за време на убедливиот пораз, целосно скршен од немоќта на својот тим. Меѓутоа, тагата бргу се претвори во инает.

По мечот, Антетокумпо видливо беше потресен.

Никогаш не сум бил дел од нешто вакво. Ова е ново за мене. Но, тоа не ги менува работите. Сепак е исто. Јас ги надминувам несреќите. Ги победувам и кога луѓето не веруваат во мене – рече Јанис и додаде:

Не е важно дали играм на гости, дома, дали сум на семејна вечера или на тренинг со соиграчите. Навистина не е важно. Значи, да, никогаш не сум доживеал моите навивачи да ми свират, тоа е ново искуство. Но тоа ми се допаѓа. Го сакам тоа.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Андреј Јакимовски веќе не е кошаркар на Тренто!

Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски стави крај на соработката со Тренто, откако…