Дома Фудбал Ливерпул остана и без вториот напаѓач

Ливерпул остана и без вториот напаѓач

Екитике, напаѓачот на Ливерпул, се здоби со повреда на задната ложа и не настапи на натпреварот против Фулам.

Францускиот фудбалер беше единствениот здрав напаѓач во тимот на Ливерпул, откако Александар Исак заработи сериозна повреда во дуелот со Тотенхем (2:1). Континуираните натпревари без прекин си го земаа данокот, па Екитике имаше здравствени проблеми пред дуелот со Фулам.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во кризата со напаѓачи, Арне Слот реши Гакпо да го постави како стартер во нападот против тимот од Лондон.

Пред натпреварот со Фулам, Арне Слот коментираше за тешкотиите со кои се соочува напаѓачот.

– Исак отсутен на терените неколку недели, што доведе до тоа Екитике да игра повеќе минути отколку во првиот дел на сезоната. Тоа доведе до мускулна повреда. За играч кој не е навикнат на интензитетот на Премиер лигата, ова беше преголем товар. Затоа не играше против Фулам. Се надеваме дека ќе биде подготвен за натпреварот со Арсенал – изјави Арне Слот за “Дејли Мејл”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Осимен направил тотален хаос во кампот на Нигерија

Виктор Осимен во понеделникот, 5 јануари, го постигна својот прв дупли гол во историјата н…