Дома Фудбал Херој над хероите: Фудбалер влета во дискотеката во Швајцарија за да спаси девојка и доби тешки изгореници

Херој над хероите: Фудбалер влета во дискотеката во Швајцарија за да спаси девојка и доби тешки изгореници

Страшна трагедија го обележа првиот ден од 2026 година, каде што на прослава во швајцарскиот зимски центар Кран Монтана во пожар во еден бар загинаа 40 луѓе, а најмалку 119 лица беа повредени. Секојдневно пристигнуваат нови информации поврзани со овој страшен настан, а сега се појави приказна и за своевиден херој.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Станува збор за младиот фудбалер на Мец, Тахирис дос Сантос, кој во моменти на голем пожар се вратил во запалениот бар кога сфатил дека неговата девојка Колин сѐ уште е внатре, за да ја извлече.

Приказната ја објави неговиот агент, Кристоф Уто, истакнувајќи дека фудбалерот веднаш истрчал надвор кога почнал хаосот, но се вратил назад откако сфатил дека неговата девојка сѐ уште е внатре.

Беше на првиот кат кога настана пожарот. Веднаш излезе надвор, но сфатил дека девојката не е со него. Се вратил внатре и ја извлекол од пеколот, така што во исто време стана и жртва и херој – изјави агентот на фудбалерот за BFM.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се подготвува „бомба“: Јувентус може да добие спектакуларно засилување!

Според информациите на „Ла Република“, тренерот на Јувентус, Луција Спалети, изразува желб…