Дома Останати Кошарка Страв за безбедноста на кошаркарите на Партизан во Белград: Американец се обиде да се тепа со „Гробари“, познат играч исплашен по хаосот (Видео)

Страв за безбедноста на кошаркарите на Партизан во Белград: Американец се обиде да се тепа со „Гробари“, познат играч исплашен по хаосот (Видео)

Партизан доживеа тежок пораз од Макаби и така продолжи со лошите резултати во Евролигата.

Црно-белите по трет пат по ред загубија во ова натпреварување, а во оваа црна серија во просек губеа со 28 поени разлика. Навивачите на Партизан со свирежи ги дочекаа Џабари Паркер и Тајрик Џонс за време на претставувањето на екипите, а на крајот дојде и до голем инцидент.

Сцените од Белградската арена брзо се проширија низ Европа преку социјалните мрежи, а се огласи и Тајрис Рајс, некогашен репрезентативец на Црна Гора.

Рајс се огласи на социјалната мрежа “X”.

– Тој мора да замине оттаму, човече. Заборавете на натпреварите, како ќе се движи по градот со толкава тензија? Доволно е да биде во ресторан и навивач да отиде предалеку – порача Рајс.

Тајрис Рајс за време на кариерата играше за Панионис, Летувос Ритас, Баерн Минхен, Макаби, Химки, Барселона и Панатинаикос, меѓу другите клубови.

Со Макаби во 2014 година беше шампион на Евролигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

EСПН: Јокиќ е најдобар во НБА!

Експертите од ЕСПН составија листа на играчи за кои веруваат дека ќе бидат најдобри во пре…