Дома Фудбал Маркус Рашфорд одлучен да ја продолжи кариерата во Барселона

Маркус Рашфорд одлучен да ја продолжи кариерата во Барселона

АНГЛИСКИОТ напаѓач Маркус Рашфорд ја истакна својата желба да ја гради иднината во Барселона, каде што се наоѓа на позајмица од Манчестер Јунајтед. Рашфорд го започна своето поглавје силно во шпанската лига и за кратко време се претвори во незаменлив дел од составот на Ханси Флик, а каталонскиот гигант ја завршува 2025 година како лидер во Ла Лига.

Барса го искористи падот на формата на Реал Мадрид за да се искачи на врвот на табелата, каде што ќе го заврши 2025 година со четири бода предност пред најголемите ривали. Тимот на Барселона оствари осум последователни победи во првенството по поразот во Ел Класико против тимот на Чаби Алонсо во октомври.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Рашфорд одигра клучна улога во одличната форма на тимот, постигнувајќи два гола и поделувајќи шест асистенции во првиот дел од сезоната. Иако го дели времето на теренот на левата страна со Бразилецот Рафиња, Англичанецот е решен да остане трајно на Камп Ноу, откако во Манчестер Јунајтед се најде запоставен од тренерот Рубен Аморим.

Барселона има можност да го откупи договорот на Рашфорд за 25 милиони евра на крајот на сезоната, а извештаите од Шпанија наведуваат дека клубот сериозно размислува да ја активира оваа клаузула за да го задржи напаѓачот и по сезоната 2025/26.

“Сакам да останам во Барселона”

Иако круговите велат дека Решфорд ќе треба да се согласи на намалување на неговите примања за да остане, тој е спремен да стори се што е потребно за да избегне враќање во Манчестер. Во интервју за шпанскиот SPORT, Решфорд изјави: “Сакам да останам во Барселона. Тоа е главниот приоритет, но не е причината зошто толку напорно работам и давам се од себе. Целта е да се победува. Барселона е огромен, прекрасен клуб, создаден за освојување титули.”

На прашањето за првите впечатоци од градот и прилагодувањето на новата средина, тој одговори: “Многу добро се чувствувам во клубот и во градот. Од моментот кога пристигнав, чувствував топло добредојде. Причината зошто сум овде е да помогнам на тимот да освојува трофеи. Изминатата сезона беше фантастична, но животот се движи брзо, работите се менуваат, а целта е да ги повториме тие успеси. Потполно сум фокусиран на тоа. Сродството со персоналот и соиграчите е одлично; немам никакви поплаки.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еден од најдобрите фудбалери си заминува од Шкендија!?

Шкендија, актуелниот македонски шампион, се соочува со можноста да остане без еден од свои…