Дома Фудбал Едноокиот фудбалер ја осветли сцената на Африканскиот куп на нации

Едноокиот фудбалер ја осветли сцената на Африканскиот куп на нации

Буркина Фасо ја победи Гвинеја со 2:1 во првиот натпревар од групата Е на Африканскиот куп на нации. Екваторијална Гвинеја имаше водство од 1:0 до 95-тата минута благодарение на голот на Марвин Аниебоа. Но, Буркина Фасо направи неверојатен пресврт со голови во 95-тата и 98-та минута. Првиот гол за израмнување го постигна Георги Минунгу, а победничкиот удар го реализираше Едмонд Тапсоба.

Едноокиот напаѓач го отвори пресвртот

Беше напишана една неверојатна спортска приказна откако 23-годишниот Минунгу, фудбалер кој гледа со само едно око, остави белег. Во 2022 година се пресели од втората чешка лига во резервниот тим на Сиетл Саундерс во САД. По поминати една и пол година, беше промовиран во првата екипа на MLS и отпатува на подготовки во Марбела, но патувањето се претвори во кошмар.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


По неколку тренинзи, почна да му отекува и да го чеша окото поради инфекција. Иако на почетокот мислеше дека не е сериозно, состојбата драстично се влоши. „Стана црно, потоа црвено. По две недели беше сосема бело“, изјави во јуни за Спорт Бајбл. Итната операција не можеше да му го спаси левото око, оти нервите беа целосно уништени.

Лекарите му рекоа дека нема да може да игра фудбал повторно, но тој не сакаше да се помири со тоа. Бараше од клубот да му дозволи да продолжи со тренинг. „Му реков: ‘Ако сум добар, продолжувам. Ако не, прекинувам.’ И се покажа дека беше добар.

“Тренирав понапорно од кога и да е. Иако не можев сè да видам, можев да ја почувствувам играта. Знаев да ја прочитам. Се прилагодив. Неверојатно е што сè мозокот може да постигне. Понекогаш воопшто не го гледам дефанзивецот – го чувствувам. Тогаш едноставно одам во друг правец. Инстинктот, читливоста на играта, чувството – сето тоа се испреплетува”, објасни тој.

Фактот дека денес е петкратен репрезентативец и стрелец на Африканскиот куп на нации го должи на Светското клупско првенство одржано минатото лето. “Овој турнир ме прослави, бидејќи MLS не секогаш е внимателно следена”, објасни во интервју за Африканскиот фудбалски сојуз.

Репрезентацијата на Буркина Фасо, за која настапува иако е роден и пораснат на Брегот на Слоновата Коска, сигурно е среќна што еден од нивните фудбалски херои беше откриен толку далеку во Америка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Африкански фудбалер почина поради бизарна причина, зад сè стои „магија“ (Фото)

Голема трагедија ја потресе фудбалската јавност во Бурунди, откако за време на првенствен …