Дома Фудбал Битка за еден од најбараните во Премиер лигата: Еден клуб веќе се откажал!

Битка за еден од најбараните во Премиер лигата: Еден клуб веќе се откажал!

Фудбалерот на крилна позиција од Борнмут, Антоан Семењо, веројатно ќе го напушти тимот во јануарскиот трансфер период. Четири екипи веднаш изразија интерес за неговиот потпис.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Први во редот се Ливерпул, потоа Манчестер јунајтед, Манчестер сити, а најново се приклучи и Челси.

Изминатите денови кружеше видео на Антоан Семењо во дрес на Дидије Дрогба од посетата на продавницата “Classic football shirt”, што беше причина многумина да поврзуваат негово привлечно доаѓање на “Бриџ”.

Сепак, „Атлетик“ известува дека Челси нема планирано да го ангажира, иако имаат интерес за него. Тие сметаат дека на крилните позиции имаат доволно квалитетни играчи.

Челси ќе продолжи да ги следи офанзивните можности на пазарот, но задоволни се со тоа што го имаат и не сакаат да го намалат времето на теренот за играчите кои добро се покажуваат.

Најновите вести се дека Манчестер сити интензивно ја разгледува опцијата за договор во изминатите 12 часа и сакаат брз одговор од Семењо и неговите агенти. Се зборува дека неговата прва желба е да премине кај Пеп Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флорентино Перез повторно ја нападна Барселона и својот противник на изборите, вети повеќе Лиги на шампионите и најдобрите играчи

Сегашниот претседател на Реал Мадрид Флорентино Перез официјално ја претстави својата канд…