Дома Фудбал (Видео) Снимки од заседата: Водач на навивачите на Земун прегази напаѓач, па почна да бега

(Видео) Снимки од заседата: Водач на навивачите на Земун прегази напаѓач, па почна да бега

Безбедносните камери го забележале моментот на нападот врз водачот на навивачите на ФК Земун, Јевто Јевтиќ, кој се случил во петокот, нешто пред 23 часот, во Земун, Србија.

На снимката се гледа како Јевтиќ, кој се наоѓал во блиндиран „Ауди“, со голема брзина удира во еден од напаѓачите, кој паѓа и останува да лежи на земја, по што возилото удира и во паркиран автомобил.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


– Јасно се гледа моментот кога Јевтиќ излегува од автомобилот, кој останува вклучен, му приоѓа на напаѓачот кого претходно го прегазил и го удира со нога. Потоа се врти кон правецот од кој неколку моменти подоцна пристигнуваат уште двајца соучесници, а потоа бега во насоката од која и дошол со „Аудито“, додека напаѓачот, за кого се верува дека претходно пукал кон неговото возило, останува да лежи на земја – објаснува соговорникот што може да се види на снимката од безбедносните камери, кои покриваат дел од паркингот и патот каде што во петокот навечер се одвивала вистинска филмска драма.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона сега чудо ќе ја спречи да освои титула, Левандовски со среќен гол го урна Атлетико (Видео)

Фудбалерите на Барселона во 30. коло на Примера победија Атлетико Мадрид со 2:1 и така ја …