
Барселона продолжува со политиката на доведување на најголемите млади таленти во европскиот фудбал, а новиот потег предизвика големо внимание во спортската јавност.
Каталонскиот гигант, според британските медиуми, е на чекор до реализирање на трансферот на 15-годишниот Ајаја Таварес од Норич Сити.
Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?
Станува збор за исклучително талентиран напаѓач кој многумина во Англија веќе го нарекуваат „чудо од дете“.
Иако има само 15 години, Таварес веќе настапувал за селекцијата на Англија до 17 години, што доволно зборува за неговиот потенцијал.
Овој развој не остана незабележан ниту меѓу најголемите европски клубови.
Особено интерес искажаа РБ Лајпциг и Борусија Дортмунд, клубови познати по развојот на млади играчи.
Германците сакаа да го доведат Таварес веќе во јануари, но по сè изгледа, останаа кратки.
Барселона реагираше брзо и решително, користејќи ја својата репутација и долгорочна спортска визија.
Во каталонскиот клуб веруваат дека Таварес има потенцијал еден ден да стане важен член на првиот тим.