Дома Фудбал Дортмунт не простува: Казнет и најдобриот во тимот!

Дортмунт не простува: Казнет и најдобриот во тимот!

Фудбалот е тимски спорт и секоја компонента од екипата треба беспогрешно да функционира на секое ниво за да се постигне успех, а клубовите со големи ѕвезди често наидуваат на проблеми.

Ваква е ситуацијата во Борусија Дортмунд во последно време, каде што нивната главна ѕвезда Карим Адјејеми се повеќе станува товар за тимот.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Адјејеми е незадоволен бидејќи клубот не го продал во летниот трансфер период и сега се обидува да изврши притисок врз управата да го направи тоа во јануари, а поради своето однесување ќе биде казнет.

Имено, за време на победата на Дортмунд над Борусија Менхенгладбах во германскиот куп, Адјејеми беше заменет во 60-тата минута и затоа беше видливо фрустриран, па одлучи да не се поздрави со соиграчите и веднаш замина во соблекувалната.

Имајќи го предвид ова, „Милионерите“ одлучија да го казнат, што го потврди и спортскиот директор Себастијан Кел.

“Неговата замена беше целосно оправдана. Тој не одигра добро и ќе биде казнет за своето однесување. Секако, имаме теми за разговор по сето ова. Не ми се допадна неговата реакција, исто како на тренерот и неговите соиграчи”, изјави Кел.

Инаку, Адјејеми сака да замине во англиската Премиер лига, каде неколку клубови се заинтересирани за него, но Дортмунд не дозволи трансфер минатото лето.

Договорот на Адјејеми истекува летото 2027 година, поради што Дортмунд можеби ќе биде принуден да го продаде, за да избегне ситуација во која германскиот репрезентативец би го напуштил клубот бесплатно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лампард направи хаос, фудбалери го бркаа на теренот (Видео)

Легендарниот англиски фудбалер денес тренер, Френк Лампард предизвика вистинска бура по не…