Дома Фудбал Ханси Флик, Барселона и новиот договор – без брзање

Ханси Флик, Барселона и новиот договор – без брзање

Иако Барселона има намера да го продолжи договорот на Ханси Флик, весникот “Мундо Депортиво” известува дека тренерот решил да не разговара за тоа пред завршетокот на сезоната.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Германскиот тренер ужива во својата сегашна позиција и претпочита да донесе одлука за иднината наредното лето. Сегашниот договор на Флик важи уште 18 месеци. Откако првично го потпиша двегодишниот договор, минатото лето го продолжи до 2027 година, додавајќи пет години на својот ангажман.

Минатата сезона Барселона беше успешна со освојување на Купот на Кралот и Ла Лига, додека во Лигата на шампионите беше елиминирана во спектакуларното полуфинале од Интер. Од неговото доаѓање во Каталонија, Ханси Флик донесе препознатлив, ултраофанзивен стил на игра со високо поставена одбранбена линија.

Во актуелната сезона, Барселона го води шпанското првенство со четири поени предност пред Реал Мадрид, додека во Лигата на шампионите е моментално на 15-то место. Сепак, раководството на клубот е задоволно од работата на Флик, иако тимот сè уште има проблеми во одбраната и често прима прв гол пред да постигне преокрет преку офанзивна игра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Салах остро го нападна Слот

Мохамед Салах испрати остра критика кон менаџерот Арне Слот после поразот од Астон Вила. З…