
Одбранбениот играч на Барселона, Роналд Араухо, најави дека ќе се врати на тренинзи на 29 декември, откако зема пауза заради менталното здравје и отпатува на ходочастие во Израел. Уругвајскиот репрезентативец, кој се соочуваше со тешкотии на теренот, наскоро ќе биде подготвен за враќање и има цел да учествува во дербито на Каталонија против Еспањол на почетокот на јануари, објави Goal.com.
Неговото отсутство не беше последица на физичка повреда, туку на нарушено ментално здравје. По сериозната грешка и црвениот картон во Лигата на шампионите против Челзи, што предизвика бројни критики од страна на навивачите и медиумите, Араухо почна да страда од анксиозност и панични напади. Свесен дека не може да игра во тој момент, побара и веднаш доби дозвола од клубот за одмор, со цел да ја стабилизира психичката состојба.
Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?
Во потрага по мир, како голем верник, отпатува на духовно ходочастие во Израел. Посети свети места во Ерусалим и Тел Авив, искористувајќи го тоа време за да се “пронајде” повторно и да ја врати емоционалната рамнотежа.
Изгледа дека патувањето има позитивен ефект. Според достапните информации, дефанзивецот се чувствува подобро и е ментално посилен, уверен дека повторно може да се справи со предизвиците на врвниот фудбал.