
Полуфиналниот дуел од Италијанскиот Суперкуп што се одигра во Ријад, заврши со победа на Наполи против Милан со 2:0. Натпреварот беше обележан од напната атмосфера и на теренот и вон него. Имаше многу нервоза на зелениот тревник, а особено меѓу двете клупи.
По завршувањето на мечот, најмногу се дискутираше за недостигот на ракување меѓу тренерите Масимилијано Алегри и Антонио Конте, но Наполи обрна внимание на наводниот инцидент меѓу тренерот на Милан и координаторот на стручното тело на Наполи, Габриеле Ориали, кој според сооштението на клубот стана „жртва на неконтролиран напад“, пишува Corriere dello Sport.
Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?
Клубот излезе со жестоко соопштение во кое се осудува однесувањето на тренерот на Милан.
„ССЦ Наполи остро го осудува однесувањето на тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, кој за време на полуфиналето од Италијанскиот Суперкуп, во присуство на десетици луѓе околу теренот и во директен телевизиски пренос, со навредливи и постојани изрази го навреди Габриеле Ориали. Истакнуваме дека ваквиот напад не треба да биде пренебрегнат, особено затоа што со 33 камери невозможно е да не се забележи што се случи.“
Со ова сооштение, Наполи зазеде исклучително остар став за настаните покрај теренот во Ријад. Потсетуваме, тешките зборови од Алегри беа упатени кон координаторот на стручниот штаб на Конте, а тренерот на Милан беше смируван и задржан од неговите асистенти и четвртиот судија, пишува Corriere dello Sport.