Дома Фудбал Укината долгогодишна традиција во Англија: Што се случи?

Укината долгогодишна традиција во Англија: Што се случи?

Фановите на англискиот фудбал секогаш очекувале богат натпреварувачки ден на празникот Свети Стефан, попознат како Boxing Day. Но, оваа сезона ги очекува нешто што сосема не го предвидуваа. Првпат во историјата на Премиер лигата на 26 декември е закажан само еден натпревар – дуелот помеѓу Манчестер Јунајтед и Њукасл Јунајтед. Прекинувањето на долгогодишната традиција изненади многумина, имајќи предвид дека обично овој ден е посветен на цело коло натпревари.

Што доведе до оваа одлука?

Од Премиер лигата објаснија дека одлуката за само еден натпревар е донесена поради извонредно густ распоред и екстремни обврски кон договорите со телевизиските права. Во оваа година, 26 декември паѓа во петок, а лигата е обврзана да обезбеди 33 викенди за натпревари, со што единствениот достапен термин за тој ден е резервиран за средбата на Олд Трафорд. Сите останати натпревари од 18-тото коло во Премиер лигата се префрлаат на сабота и недела, 27 и 28 декември.

Ќе се врати ли традицијата во иднина?

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Иако оваа ситуација го прекинува долготрајниот ритуал, раководството на лигата ги уверува навивачите дека станува збор за исклучок. Потврдија дека секогаш кога Boxing Day во иднина ќе биде во викенд ден, ќе се врати и богатиот распоред на натпревари. Тоа значи дека веќе следната сезона ќе се врати по старото, бидејќи 26 декември 2026 година паѓа во сабота.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сите се прашуваат за кого ќе потпише Салах, неговиот агент веднаш реагираше: “Тоа значи дека…”

Салах ќе го напушти Анфилд по девет години, каде без сомнеж остави неизбришлива трага и со…