Дома Фудбал Африканска репрезентација на чекор да биде исфрлена од Светското првенство?

Африканска репрезентација на чекор да биде исфрлена од Светското првенство?

Во африканскиот фудбал се подготвува сериозен скандал само неколку месеци пред меѓуконтиненталниот плеј-оф за Светското првенство. Според информациите пренесени од Arise News, Фудбалската федерација на Нигерија официјално поднела жалба до ФИФА, изразувајќи сомнеж дека Демократска Република Конго користела играчи без право на настап во квалификациите.

Нигериските претставници тврдат дека дури девет фудбалери од ДР Конго го смениле спортското државјанство непосредно пред решавачкиот натпревар против нивната репрезентација. Меѓу спорните се и познатите имиња како Аксел Туанзебе, Артур Масуаку, Аарон Ван-Бисака и Чарлс Пикел Садики. Од федерацијата на Конго признаваат дека административните процедури за промената на државјанството не биле завршени навреме, иако играчите настапиле.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Ситуацијата дополнително се комплицира бидејќи уставот на ДР Конго не дозволува двојно државјанство. Според наводите од Нигерија, некои од овие играчи никогаш формално не се откажале од претходното државјанство. Доколку тврдењата се покажат точни, ФИФА би можела да ги поништи резултатите од натпреварите во кои учествувале, што би значело дека ДР Конго ќе го загуби местото во завршниот меѓуконтинентален плеј-оф.

Досега ДР Конго обезбеди двобој со победникот од дуелот помеѓу Нова Каледонија и Јамајка, кој треба да се одигра во Мексико во март следната година. Ако ФИФА ја прифати жалбата на Нигерија, африканскиот фудбал може да се соочи со најголемиот скандал во последните години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Tрансферот е речиси завршен, Џеко ќе потпише за друг клуб од Италија!

Сигналите се многу веројатни дека репрезентативецот на БиХ, Един Џеко, ќе ја напушти Фиоре…