
Во Италија владее незадоволство од германскиот судија Феликс Цвајер, кој за Ливерпул досуди пенал што го реши дуелот против Интер (1:0) во шестото коло од Лигата на шампионите. Доминик Собослаи го реализираше пеналот во 86-та минута, што донесе важна победа за Ливерпул и болен пораз за Интер.
Цвајер го досуди пеналот откако ја разгледа ситуацијата во шеснаесетникот на домаќините, одлучувајќи дека треба најстрога санкција против Интер, поради тоа што играчот Алесандро Бастони го повлече за дрес Флоријан Вирц.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Играчот на Ливерпул беше свртен со грб кон голот. Италијанците велат дека не беше во можност да постигне гол и дека контактот беше нагласен со театрално паѓање.
Бекот на Ливерпул, Енди Робертсон, коментираше: “Пеналот беше строг, но на друго место на теренот тоа би било свирнато како фаул.” Интересен беше и коментарот на капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк. Прво изјави: “Очигледен пенал!”, но по прегледување на снимката рече:
“Навистина… тешко е да се каже… Ајде вака: судијата го досуди. Но нашиот гол во првото полувреме неправедно беше поништен, така што во крајна линија е во ред.” Ван Дајк мислеше на голот на Ибрахима Конате кој во 32-та минута беше поништен по интервенција на ВАР.