
Манчестер Јунајтед не успеа да стигне до победа на домашен терен против тимот на Вест Хем, завршувајќи со резултат 1:1 во натпревар од 14-тото коло на Премиер лигата на Англија.
Избраниците на Рубен Аморим на болен начин го испуштија водството што го имашеа до крајот, а ова реми ќе биде многу поприфатливо за Вест Хем, кој избегна пораз иако примие гол.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Домаќинот брзо ја презеде контрола на теренската игра, но без некоја поголема закана се до шансата на Ембуема кој принуди Ариола да интервенира и да ја испрати топката во корнер.
Следи шанса на Зиркзее кога дефанзивецот на “чеканџиите” од линијата ја извади топката, а Холанѓанецот со глава биеше покрај голот. И Бруно Фернандеш шутна покрај стативата, така што на одмор заминаа со неизменети резултати.
Во второто полувреме се чинеше дека ќе гледаме слична теренска надмоќ на тимот на Рубен Аморим, но тогаш се појави Дијего Дало кој во 58. минута влезе одлично во шеснаесетникот и го затресе мрежата на Вест Хем.
Обидот на Куња беше спречен пред да стигне до голот, а одеденаш, “чеканџиите” успееја да изедначат.
Во 84. минута, Сонгуту Магаса искористи одбиена топка по корнер и го совлада Ламенс.
Јунајтед се пушти на се или ништо, но нападот стоеше збунето и брзоплето, освен за уште една шанса од Бруно што не донесе резултат. Тимот на Нуну Еспирито Санто успеа да избегне пораз во “Театарот на Соништата”.
Манчестер Јунајтед моментално е на осмата позиција во Премиер лигата на Англија со 22 бодови, додека Вест Хем е на 18. место со 12 бодови.