Дома Фудбал Македонија со реми против Летонија патува на завршна битка со Велс во Кардиф!

Македонија со реми против Летонија патува на завршна битка со Велс во Кардиф!

Фудбалската репрезентација на Македонија денеска го одигра пријателскиот натпревар против Летонија (0-0) кој беше и последен за оваа година на домашен терен

Македонија имаше повеќе од играта и создаде неколку идеални прилики за гол, меѓутоа изостана реализацијата. Најголемите прилики за нашата селекција ги пропушти Емил Растодер кој во првото полувреме од идеална прилика шутираше со глава, но голманот Матервикс го одбрани неговиот удар. Во проодлжение од акцијата се обиде и Чурлинов, меѓутоа топката заврши во гол аут.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во второто полувреме одново Растодер влезе во прилика и излезе „еден на еден“ со гостинскиот голман кој одново беше победник во дуелот. Казната за пропуштените прилики можеше да дојде на средина од вториот дел кога капитенот на Летонците Икаунекис шутираше со волеј, а неговиот удар заврши во пречката од голот на Димитриевски.

За Македонија овој дуел беше една подготовка за пресметката со Велс со кого играме за пет дена во Кардиф во последниот натпревар од квалификациите за Светското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Душан Влаховиќ потпишува, но не за Јувентус?

Нов неверојатен пресврт се случува во кариерата на Душан Влаховиќ. Се очекуваше дека Србин…