Дома Фудбал Поранешен шпански репрезентативец се откажа од својот син: Не оди на факултет, сака да влезе во куќата на „Големиот брат“

Поранешен шпански репрезентативец се откажа од својот син: Не оди на факултет, сака да влезе во куќата на „Големиот брат“

Шпанскиот новинар Саул Ортиз во емисијата Фиеста на телевизијата МедиаСет ги откри најновите детали поврзани со судирот меѓу поранешниот шпански репрезентативец Дани Гуиза, неговиот син Кристијан и поранешната сопруга Нурија Бермудез.

“Дани ми одговори на сè и соочи и со поранешната сопруга и со синот Кристијан. Во разговорот ми објасни за сите инволвирани и додаде дека некои од нив ќе излезат од ова многу лошо”, изјави Ортиз.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Според зборовите на поранешниот врвен стрелец на Примера, неговиот син намерно се обидува да го искористи финансиски.

“Секогаш сме го финансирале образованието на Кристијан. Му платив две дипломи, но еден ден дојде и рече дека повеќе не сака да учи, туку сака да се посвети на телевизијата”, раскажа Гуиза.

Фудбалерот тврди дека му било многу тешко да го прифати ова однесување.

“Му кажав дека по сите жртви што сум ги направил за него, нема да дозволам сè да пропадне. Тој сака пари и слава, говореше дека сака да оди на „Островот на искушението’ или „Големиот брат’. Многу страдав заради него и не сакам веќе да имам било каков контакт бидејќи знам дека е длабоко навлезен во тој свет”, додаде Гузиа.

Кристијан, кој беше присутен во емисијата, не остана тивок.

“По моето претходно интервју овде, ме повика сопругата на татко ми. Не се јавив, но кога ме повика тој, одговорив. Разговорот траеше една минута, а ми беше кажано дека од тој момент сум мртов за него и тој за мене. Дојдов овде барајќи малку љубов и разбирање, а ова го добивам”, рече видливо потресениот Кристијан, кој веќе се појавувал во емисии како ‘Први состаноци’.

Ортиз потоа откри дека Гуиза ја обвинил и својата поранешна сопруга, Нурија, за обидите да го уништи неговиот углед.

“Нурија го користи својот круг на познати лица за да ми одземе од репутацијата. Го прави тоа веќе 18 години. Јас и мојата сопруга повеќе не можеме да ги издржиме овие напади на нашиот карактер”, изјави Гуиза

Поранешниот фудбалер тврди дека Нурија стои зад обидите на Кристијан да се пробие во светот на реалити програмите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ламин Јамал и Деклан Рајс се меѓу номинираните за наградата „Пушкаш“

ФИФА номинираше 11 гола што ќе се натпреваруваат за наградата „Пушкаш“, која традиционално…