Дома Фудбал Останато Инфатино: Фудбалскиот сојуз на Италија работи одлично

Инфатино: Фудбалскиот сојуз на Италија работи одлично

Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА) Џани Инфатино денес застана во одбрана на првиот човек на италијанскиот сојуз Карло Тавекио.

„Сметам дека е неправедно и смешно да им се суди на луѓето во италијанскиот сојуз поради еден лош резултат, без оглед на тоа колку тој е сериозен. Имам одличен однос со Тавекио и ја почитувам неговата работа. Тој старомодна личност, но отворен е за нови работи и способен е да работи во интерес на фудбалот во Италија“, изјави Инфантино за „Газета Дело Спорт“.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Иначе позицијата на Тавекио е загрозена бидејќи оваа земја после 60 години за прв пат нема да игра на едно Светско првенство.

Инфатино потоа ја пофали и работата на сојузот.

„Доказ за нивната добра работа е проектот ВАР кој е од круцијалнот значење за фудбалот и неговата иднина. Буџетот на сојузот е сосема добар, лигата одлична, но и уште неколку други проекти покажуваат дека добро работат. Секако, ја разбирам болката на Италијаните, но доколку ударот на Матео Дармијан завршеше во гол, се ќе беше во ред“, заврши Инфантино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барселона ја започна турнејата во Јапонија со победа, новото засилување блесна со гол

Барселона ја започна азиското турнеја со победа од 3:1 над Висел Кобе во пријателски натпр…