Дома Фудбал Чудо над чудата: Мароко го освои светското првенство! (ВИДЕО)

Чудо над чудата: Мароко го освои светското првенство! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Мароко триумфираа против Аргентина со 2:0 во финалето на Светското првенство за играчи до 20 години кое се одржа во Чиле.

Херојот на Мароко беше 20-годишниот Јасиф Забири, кој постигна двата гола во финалната средба, првиот во 12-тата, а вториот во 29-тата минута.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Тоа беше неговиот петти гол на првенството, со што се израмни со уште тројца фудбалери и заврши на врвот на листата на најдобри стрелци на турнирот. Забири ја затресе мрежата во првото полувреме, а првиот гол беше вистинска ТВ атракција:

Набргу потоа, фудбалерот на португалскиот Фамиликао со одлична реакција ја удвои предноста на својот тим.

Аргентинците имаа големо присуство на топката, но не успеаја да создадат вистинска прилика до крајот на натпреварот.

Третото место на првенството го освои Колумбија која во дуелот за бронзениот медал ја победи Франција со 1:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Сити ќе ја зајакне средната линија со две имиња од Премиер лигата

Манчестер Сити се подготвува за сериозно обновување на средната линија, додека Пеп Гвардио…