Дома Фудбал Аморим по 35 натпревари конечно врза две лигашки победи со Јунајтед

Аморим по 35 натпревари конечно врза две лигашки победи со Јунајтед

Со триумфот против Ливерпул на Енфилд (2:1), фудбалерите на Манчестер Јунајтед за првпат откако ги предводи Рубен Аморим врзаа две последователни лигашки победи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


По 35 натпревари во Премиер лигата на чело на Јунајтед, 40-годишниот португалски стратег конечно доби две победи со екипата на “Црвените ѓаволи”.

Во минатото коло Јунајтед го совлада Сандерленд на Олд Трафорд со 2:0, а во неделното дерби на англискиот фудбал на Енфилд, успеа да го победи Ливерпул со 2:1.

Аморим пристигна на Олд Трафорд кон крајот на 2024 година како “спасител”. Сепак, до сега често беше поблиску до отказ отколку до големи резултати. Но, можеби токму победата на Енфилд ќе биде пресвртница за неговиот престој на клупата на “Црвените ѓаволи”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рангник повторно не се договори со Милан

Селекторот на Австрија Ралф Рангник најверојатно ќе ја задржи својата позиција на чело на …