Дома Фудбал Познато дали Стивен Џерард ќе се врати на местото на успехот

Познато дали Стивен Џерард ќе се врати на местото на успехот

Англискиот тренер Стивен Џерард дефинитивно нема да се врати на клупата на Ренџерс, откако одлучи да ги прекине преговорите со раководството на шкотскиот великан, објавуваат британските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според информациите на Скај Спорт, челниците на Ренџерс во четвртокот и петокот водеа отворени и конструктивни разговори со Џерард, но поранешниот капитен на Ливерпул процени дека моментот не е вистинскиот за неговото враќање на Ibrox. Сепак, двете страни се разделија во добри односи и се договорија дека можноста за идна соработка останува отворена.

Џерард им се заблагодари на навивачите на Ренџерс за поддршката што му ја даваат и му посака успех на клубот во продолжение на сезоната.

Да потсетиме, токму Џерард во 2021 година го водеше Ренџерс до шампионската титула без ниту еден пораз во лигата, што ја прекина десетгодишната доминација на Селтик и го спречи да освои десета последователна титула.

Потоа, Англичанецот накратко го водеше тимот на Астон Вила, а потоа и Ал-Етифак од Саудиска Арабија, кој го напушти во јануари по 18 месеци на клупата.

Во моментов, Ренџерс е во потрага по нов тренер, бидејќи на почетокот од октомври поради слаби резултати беше отпуштен Расел Мартин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нов инцидент во САД: Пукање по натпревар, повредени најмалку четири лица!

Нови ужасни вести пристигнуваат од Светското првенство кое оваа година се игра во Америка,…