
На глобално ниво се одвиваат квалификации за Мундијалот што следното лето ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. Треба да се напомене дека ова ќе биде првото Светско првенство на кое ќе учествуваат дури 48 репрезентации, што е за 16 повеќе од сите турнири од 1998 година наваму.
По однос на распределбата на континентите за Мундијалот, Европа ќе има 16 тимови, Африка девет, Азија осум, Јужна Америка шест, Океанија еден, а Северна Америка шест, вклучувајќи ги трите земји-домаќини. Две дополнителни места ќе бидат доделени на победниците од новиот меѓуконфедерациски турнир. До денес, 20 репрезентации веќе си го обезбедија местото на Светското првенство.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Африка: Алжир, Египет, Мароко, Тунис
Европа: сè уште никој
Азија: Австралија, Иран, Јордан (дебитант), Јапонија, Јужна Кореја, Узбекистан (дебитант)
Јужна Америка: Бразил, Аргентина, Колумбија, Еквадор, Парагвај, Уругвај
Океанија: Нов Зеланд
Северна Америка: Домаќини САД, Канада и Мексико