Дома Фудбал Поранешен холандски репрезентативец преживеа сообраќајна несреќа! Луксузниот автомобил целосно уништен /ФОТО/

Поранешен холандски репрезентативец преживеа сообраќајна несреќа! Луксузниот автомобил целосно уништен /ФОТО/

Поранешниот фудбалер Елјеро Елија преживеа тешка сообраќајна несреќа во која учествуваа четири возила, а неговиот автомобил од марката Ламбурџини Урус, проценет на околу 270.000 фунти, беше целосно уништен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според холандските медиуми, судирот се случил на главниот пат во близина на Лајден. Во несреќата учествувале три возила покрај оној на Елија, но за среќа, никој од возачите и патниците не бил сериозно повреден. Полицијата, сепак, привела двајца учесници од инцидентот, меѓу кои, како што кажуваат извори, бил и Елија. Тој бил однесен до полициската станица, но причините за тоа се уште не се објавени.

Елија за регионалниот медиум “Omroep Vest” потврди дека несреќата се случила откако изгубил контрола врз возилото.

Возев на делница која обично е мирна во тоа време. Пробав да закочам, но возилото се лизна. Им објаснив на полицијата што се случи, а потоа си заминав дома, изјави Елија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неверојатно: Кејн го урна државниот рекорд!

Капитенот на фудбалската репрезентација на Англија, Хари Кејн, вечерва изјави дека е исклу…