Дома Фудбал Снимка на шокантен судир меѓу Делиите и Гробарите: На противникот му изгаснал факел на глава (Видео)

Снимка на шокантен судир меѓу Делиите и Гробарите: На противникот му изгаснал факел на глава (Видео)

Во попладневните часови во вторник близу стадионот на Партизан, на улицата Хумска, избувна масовен конфликт меѓу хулиганските групи.

Според неофицијални извори, Делиите го нападнале навивачкиот табор Гробари, со цел да го оштетат фан шопот на “црно-белите”, каде токму на тоа место избила расправата. Неколку лица се здобиле со повреди за време на тепачката.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


На социјалните мрежи веќе се споделуваат снимки од големата тепачка, на кои се гледаат повеќе маскирани хулигани кои се пресметуваат со противниците. Во текот на судирот се користеле ремени, а ситуацијата уште повеќе ја вжештија палењата на факели.

Нова снимка, која се шири по социјалните платформи, е извлечена од камера во фан шопот. На неа се гледа моментот кога еден од хулиганите се доближува до друг и му го гаси факелот на глава.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тотенхем објави разделба со Игор Тудор, не е јасно кој ќе го води тимот до крајот на сезоната

Тотенхем и Игор Тудор се разделуваат по взаемна согласност, објави клубот. Хрватскиот трен…