Дома Фудбал Новото правило на ФИФА на дело: За првпат искористен зелен картон

Новото правило на ФИФА на дело: За првпат искористен зелен картон

Светското првенство за играчи до 20 години, кое започна овој викенд во Чиле, донесе ново правило.. Во натпреварот меѓу Мароко и Шпанија првпат беше имплементирано новото правило на ФИФА – зелен картон, со кој селекторот може да ја оспори судискатаа одлука и да побара преглед на видео снимката од ВАР системот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Мароканскиот селектор, Мохамед Уахби, го искористи ова право во 78-мата минута, откако судијата досуди пенал за Шпанија поради наводен фаул на марокански одбранбен играч.

Веднаш потоа Уахби го покажа зелениот картон, што го принуди главниот судија да ја прегледа снимката. По подолг преглед, одлуката беше променета – пеналот беше поништен, а шпанскиот фудбалер доби жолт картон за симулација.

Зелениот картон функционира слично како “челинџ” во американските спортови. ФИФА ја ограничи неговата употреба и селекторите можат да го користат само два пати по натпревар, а може да се бара преглед само во клучни ситуации: потенцијален пенал, црвен картон, постигнат гол или погрешна идентификација на играчот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Крај на приказната: Наполи се збогува со Елмас (Видео)

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас си заминува од Наполи откако денеска заврши позајм…