Дома Фудбал ФИФА не простува: Лажирале настапи за репрезентација, сега стигнаа казните

ФИФА не простува: Лажирале настапи за репрезентација, сега стигнаа казните

Нов скандал избувна во светскиот фудбал, а овој пат ФИФА не беше милосрдна и воведе санкции за една од репрезентациите членки на ФИФА.

Во центарот на скандалот е репрезентацијата на Малезија, која ги фалсификувала документите на седум репрезентативци од својата земја.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


На Габриел Фелипе Ароча, Факундо Томас Гарсес, Родриго Џулиан Олгадо, Имманол Хавиер Мачучи, Жoao Витор Брандaо Фигуередо, Џон Иразабал Ираургуи и Хевел-у Хевелу им се изречени казни поради фалсификување на документи.

Сите седум играчи играле за Малезија против Виетнам во третото коло квалификациите за АФЦ Купот на Азија 2027 година.

Фудбалската федерација на Малезија доби казна од 350.000 швајцарски франци и условна суспензија од ФИФА.

Секое следно прекршување, Мaлезиците ќе ги чини скапо и ќе добијат забрана за игра на официјални натпревари.

Познатите седум фудбалери добија забрана за активности поврзани со фудбалот во рамки на една година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тотенхем објави разделба со Игор Тудор, не е јасно кој ќе го води тимот до крајот на сезоната

Тотенхем и Игор Тудор се разделуваат по взаемна согласност, објави клубот. Хрватскиот трен…